Дедо Мраз со чудна санка ќе шета низ скопските булевари и ќе дели пакетчиња

36

Да не се изненадите ако на булеварите низ градот, утре, задутре и на 29  декември ја забележите чудната санка на Дедо Мраз, полна со пакетчиња.

Андреј Миневски и неговите соработници решија да израдуваат многу деца и да им ги стоплат срцата. Празниците што се ближат на секое детенце низ скопските улици ќе му донесат магични моменти кои долго ќе ги памети.

Со приближувањето на Новата година, Artist3dx и соработниците, започнуваат посебна иницијатива за да им донесат радост и надеж на дечињата од училиштето ОУРЦ „Иднина“,  дечињата од ОУРЦ „Златан Сремец“, лицата од ЦПЛИП „Порака“, како и дечињата кои ќе ги сретнат попатно, од социјално ранливи групи.

– Преку оваа иницијатива, имаме за цел да подготвиме и да дистрибуираме новогодишни пакетчиња полни со подароци, закуски и основни предмети за да ги направиме овие лица да се чувствуваат сакани и ценети. Оваа иницијатива е моја желба и желба моите соработници, за споделување добрина, ширење среќа и започнување на новата 2026 година со чувство дека празниците се за сите. Заедно, можеме да им ставиме насмевки на лицата на дечињата и да ги потсетиме дека не се сами. Секој придонес, голем или мал, може да направи значајна разлика – истакна Миневски.

ИЗДВОЕНИ