Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, го изненади целиот тим со одличен подарок за новогодишните и божиќните празници. Тој им купи на секој од своите соиграчи и тренерскиот персонал електричен велосипед на кои потроши, барем според американските медиуми, над 340.000 долари. Не станува збор за 20-30 велосипеди, туку за 103!

  • Тој донесе подароци за сите во тимот, мислам дека имаше вкупно 103. Тоа е многу, многу луксузен електричен велосипед. Навистина сум возбуден што ќе го возам до плажа, се радувам на тоа. Многу убав гест од него. Сите момци навистина, навистина уживаа, истакна тренерот на Лејкерс, Џеј-Џеј Редик.

Ова не е прв пат Лука да ги изненади своите соиграчи, а познат е и како чест придонесувач во хуманитарни акции. Во Лос Анџелес се особено благодарни за донацијата од 500.000 долари за помош на загрозените од шумските пожари.

ИЗДВОЕНИ