Литванското Министерство за одбрана го отвори првото од деветте училишта во земјата каде што деца на возраст од 10 години и постари и возрасни ќе учат да пилотираат, склопуваат и програмираат дронови.
„Станува збор за градење воени одбранбени капацитети, што Литванија го сфаќа многу сериозно, бидејќи се граничи со Русија и Белорусија“, рече заменик-министерот за одбрана Томас Годљаускас.
Децата и другите учесници ќе бидат обучени да управуваат со дронови за видео пренос, рече наставникот Миндаугас Тамосаитис.
Во училиштето во Таураге, кое се наоѓа на 20 километри од руската енклава Калининград, децата вежбаат виртуелни летови на компјутери.
„Децата се ентузијастични“, рече нивната наставничка, пренесува „Јутарњи“.
Членката на НАТО, Литванија побара од алијансата да ја зајакне својата воздушна одбрана откако два руски дрона се урнаа таму ова лето откако ја преминаа границата од Белорусија.
Минатиот петок, НАТО објави планови за зајакнување на одбраната на исто