Децата прават ѕвездички и ја учат песната „Вечниот Бог“  

16

Од Општина Кисела Вода ги повикуваат дечињата што сакаат да бидат дел од манифестацијата „Бадникови поворки 2026“ да го пријават своето учество кај Дарко Петровски на 078/383-746 и кај Маријана Блажевска на 070/285-343.

Воедно, канат и на бадниковата работилница, која ќе се одржи в сабота, од 10:00 часот, во спортската сала во ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, во чии рамки ќе се изработуваат ѕвездички, а децата ќе се дружат и ќе ја учат песната „Вечниот Бог“, подготвувајќи се за најубавото празнично доживување.

Работилницата е отворена за сите дечиња.

И дечињата од Аеродром со радост се подготвуваат за „Бадниковите поворки“, кои ќе се одржат под слоганот „Со божиќната радост, срца да стоплиме!“

– Општина Аеродром, како дел од оваа традиционална манифестација, ги поддржува и охрабрува најмладите да ги негуваат празничната магија и заедништвото. Со своите мали, вредни раце, тие изработуваат блескави ѕвездички – симбол на љубовта, детската радост и на искрените желби. Со секоја ѕвездичка се пренесуваат насмевка и топла порака, а децата се срцето на „Бадниковите поворки“ и најубав симбол на Божиќ – потенцираат од Општина Аеродром.

 

ИЗДВОЕНИ