Децата отсега ќе гледаат вештачки генерирана Пепелашка?! „Дизни“ инвестира милијарда долари во OpenAI – партнерство што ќе ја смени иднината на Холивуд

39

Компанијата „Волт Дизни“ инвестира 1 милијарда долари во организацијата за истражување на вештачката интелигенција OpenAI, потег што би можел да го промени начинот на кој Холивуд создава содржина.

OpenAI сега ќе може да користи ликови од Дизни, како што се оние од франшизите „Војна на ѕвездите“, „Пиксар“ и „Марвел“, во својот видео генератор Sora AI, објави Ројтерс.

Тригодишното партнерство објавено денес би можело да биде клучен чекор во прифаќањето на генеративната вештачка интелигенција (ВИ) од страна на Холивуд, и покрај загриженоста меѓу работниците во индустријата за влијанието на ВИ врз креативните работни места и правата на интелектуална сопственост.

ИЗДВОЕНИ