Децата од Кисела Вода утре се приклучуваат на Бадниковата детска поворка

371

Утре (вторник), 06.01.2026 година, ќе се одржи Бадниковата детска поворка, на која ќе учествуваат и дечињата од Општина Кисела Вода. Собирот е закажан во 11:15 часот кај локацијата „Рампа“ во Кисела Вода, каде најмладите ќе бидат пречекани со божикни ѕвездички.

По собирот, учесниците заедно ќе продолжат кон Музејот на Град Скопје, каде во 12:00 часот ќе се приклучат на поворката исполнета со детска песна. Поворката ќе се движи по улицата „Македонија“ до плоштадот „Македонија“, кај Божикната пештера, со изведба на божикната песна „Вечниот Бог“.

Општина Кисела Вода ги повикува сите родители и дечиња да се приклучат и заедно да ја споделат радоста на Божик и празничниот дух.

ИЗДВОЕНИ