Бројот на жртви од катастрофалниот земјотрес што го погоди Авганистан се искачи на над 800, изјави портпаролот на талибанската влада, при што повеќето од смртните случаи се регистрирани во оддалечената покраина Кунар.
Околу 800 луѓе загинаа, а 2.500 се повредени во Кунар, изјави портпаролот Забихула Муџахид на прес-конференција во Кабул, додавајќи дека бројот на 12 мртви и 255 повредени во покраината Нангархар не се променил.
Жител на авганистанскиот округ Нургал, една од најтешко погодените области во Кунар, рече дека речиси целото село се урнало под силата на земјотресот. „Децата се под урнатините. Старите лица се под урнатините. Младите се под урнатините“, изјави тој за Асошиејтед прес. „Ни треба помош тука“, замоли тој. Ни треба луѓе да дојдат тука и да ни се придружат. Да ги извлечеме луѓето што се затрупани. Нема никој што може да дојде и да ги извади мртвите тела од под урнатините.“
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази сочувство до погодените од земјотресот во Авганистан.
„Целосно се солидаризирам со народот на Авганистан по разорниот земјотрес што ја погоди земјата порано денес“, рече тој.
ООН претходно објави на социјалните мрежи дека нејзините тимови во Авганистан „обезбедуваат итна помош и поддршка за спасување животи“.
Но, многу од најтешко погодените области се оддалечени и имаат ограничени телекомуникациски мрежи, што ги комплицира спасувачките напори.
„ООН во Авганистан е длабоко тажна поради разорниот земјотрес што го погоди источниот регион, одземајќи стотици животи и повредувајќи многу повеќе. Нашите тимови се на терен и обезбедуваат итна помош и поддршка за спасување животи. Нашите мисли се со погодените заедници“, наведе мисијата на ОН во Авганистан изјави на Х.