понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Деца дојдени на Екскурзија на Попова Шапка се обиделе да го ограбат...

Деца дојдени на Екскурзија на Попова Шапка се обиделе да го ограбат манастирот

185

Четири деца од село во Скопско, кои биле дојдени на Попова Шапка на екскурзија, се обиделе да ја отворат металната каса за прилози во манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ и да украдат пари, соопшти МВР.

„Одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка на 7 февруари пријавил во СВР Тетово дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози. Утврдено е дека станува збор за четворица малолетници од скопско село, кои биле на организирана екскурзија. Тие заедно со нивниот одговорен наставник биле задржани на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

 

ИЗДВОЕНИ