Дечињата ќе ги хранат животните и ќе учат како да ги негуваат и одгледуваат

15

Во овој дел од Зоолошката градина има над 14 вида помали животни, меѓу кои: алпаки, џуџести кози, зајачиња, морски прасиња, верверички, африкански желки, ара папагали и повеќе други видови птици. За посета на Бејби ЗОО, како и претходно, се наплаќа посебна влезница, која чини 20 денари, плус онаа на главниот влез во Зоолошката, која чини 80 денари. Најмалите, при посетата на Бејби ЗОО, добиваат храна, a со тоа и можност самите да ги хранат животните

На радост на најмладите, вратите на Бејби ЗОО во рамките на скопската Зоолошка градина, со новитети, за неколку дена ќе бидат отворени.

– Мај е секогаш асоцијација за овој дел од Зоолошката градина. Се очекува ноќните температури, кои сега се ниски, да се зголемат за да може да почне да функционира ова омилено катче на најмладите – велат од Зоолошката градина.

Оттаму информираат дека во меѓувреме се реконструирани сите живеалишта во Бејби ЗОО со помош на донатори и спонзори. Освен тоа, најaвуваат и дека ќе биде промовиран и посебен веб-сајт на Бејби ЗОО, babyzooskopje.mk.

Во овој дел од Зоолошката градина има над 14 вида помали животни, меѓу кои: алпаки, џуџести кози, зајачиња, морски прасиња, верверички, африкански желки, ара папагали и повеќе други видови птици.

За посета на Бејби ЗОО, како и претходно, се наплаќа посебна влезница, која чини 20 денари, плус онаа на главниот влез во Зоолошката, која чини 80 денари.

Најмалите, при посетата на Бејби ЗОО, добиваат и храна, a со тоа и можност самите да ги хранат животните. Освен тоа, тие таму учат за негата и одгледувањето мали животни и се едуцираат околу нивното хранење, во присуство на стручни лица од Зоолошката.

Бејби ЗОО првично беше отворена на 1 мај 2019 година, на одбележувањето на 93. роденден на Зоолошката градина.

(А. П.)  

 

ИЗДВОЕНИ