Дебитантите во кошаркарската Евролига, екипите на Дубаи и Хапоел Тел Авив, со победа ја стартуваа новата сезона во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување во Европа. И двата тима ја имаа улогата на домаќини, а остварија победи против Партизан, односно Барселона.
Дубаи на домашен терен ја совлада екипата на Партизан со 89:76. Кошаркарите на Дубаи имаа водство речиси во текот на целиот натпреварот. Хапоел Тел Авив поради ситуацијата во Газа натпреварите како домаќин ги игра во Софија, но тоа не беше пречка да го совладаат фаворитот Барселона со 103:87.
До победа дојдоа и Анадолу Ефес над Макаби ТА (85:78) на домашен терен, Панатинаикос против Баерн (87:79), како и Витрус Болоња против големиот Реал Мадрид (74:68). На гости, пак, се радуваа Олимпијакос против Басконија (102:96), како Олимпија Милано против Црвена звезда (92:82).










