Дебитантот на Зимските олимписки игри, Норвежанецот Сандер Аитерм, го освои златото во трката во брзо лизгање на 5.000 метри со време од 6:03,95, оправдувајќи ја својата улога на фаворит. Но, неговото време е и нов олимписки рекорд!

Аитерм, актуелниот светски шампион, веќе го шокираше светот оваа сезона – на 24 јануари во Инсел, откако постави светски рекорд на 5.000 метри со време од 5:58,52, прв пат во историјата на дисциплината тоа да биде под шест минути.

  • Неверојатно е што ја започнав мојата олимписка кариера вака. Сè што тренирав и сонував сега се остварува, рече Аитерм по трката.

Неговото внимание е веќе насочено кон преостанатите дисциплини: 1.500 и 10.000 метри, каде што ќе се обиде повторно да ја потврди својата доминација и евентуално да постави нови рекорди.

За разлика од него, кој го освои првиот олимписки медал, норвешкиот скијач Јоханес Хесфлот Клебо продолжи да „жнее“ медали. Тој го освои шестиот златен олимписки медал во нордиското трчање во дисциплината 10+10 километри скијатлон. Тој во својата кариера има освоено вкупно осум медали на Зимските олимписки игри.

 

ИЗДВОЕНИ