Со овој пилот-проект кој веќе е готов се предвидува Дебар Маало да биде затворено за сообраќај од петок, од 18 часот до понеделник до 6 часот. Проектот ќе биде даден на одобрување на Град Скопје и во Министерството за внатрешни работи, поради неговата специфичност. 

– Ќе се направат кружни прстени за движење во три фази и ќе може да влегуваат само резиденти, односно жителите кои живеат овде кои ќе добијат специјални дозволи (картички),, а нема да можат да влегуваат жители што не се од тој реон. Предвидено е да се постават девет рампи. Во првата фаза сообраќајното решение предвидува да се постават рампи на четири влезови во Дебар Маало, и тоа на улиците: „Орце Николов“, „Ленинова“ и „29 Ноември“, како и на булеварот Климент Охридски. На делови каде улиците завршуваат слепо ќе биде регулирано со мобилна апликација за отворање на рампите – објаснува Кире Секуловски, раководител на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Центар

 

Дебар Маало се планира да стане тест зона за нов сообраќаен режим кој ќе овозможи поголем ред, спокој и безбедност за центарци.

Со овој пилот-проект, кој веќе е готов се предвидува Дебар Маало да биде затворено за сообраќај од петок од 18 часот до понеделник до 6 часот. Проектот ќе биде даден на одобрување на Град Скопје и во Министерството за внатрешни работи, поради неговата специфичност.

– Ќе се направат кружни прстени за движење во три фази и ќе може да влегуваат само резиденти, односно жителите кои живеат овде кои ќе добијат специјални дозволи (картички)“, а нема да можат да влегуваат жители што не се од тој реон. Предвидено е да се постават девет рампи. Во првата фаза сообраќајното решение предвидува да се постават рампи на четири влезови во Дебар Маало, и тоа на улиците: „Орце Николов“, „Ленинова“ и „29 Ноември“, како и на булеварот „Климент Охридски“. 

На делови каде улиците завршуваат слепо ќе биде регулирано со мобилна апликација за отворање на рампите – објаснува Кире Секуловски, раководител на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Центар.

Тој напоменува дека во времето кога Дебар Маало ќе биде затворено за сообраќај, ќе може низ него да транзитираат жители од други општини и од други делови на општина Центар и тоа само на 15 минути.

– Со ова се зголемува безбедноста на жителите, се намалува буката, но и се подобрува животната средина. Воедно, се овозможува пешачкиот и велосипедскиот сообраќај да добијат примат, како и мајките со деца во колички – нагласува Секуловски.

Тој додава дека на тој начин  нема да се зголеми, туку, напротив ќе се намали доаѓањето возила во Центар и се добива безбедно Дебар маало или сејфти Дебар Маало.

Ќе се воведат и посебни правила и за дотурот на стока. Нема да биде дозволен влез на возила потешки од 3,5 тони, освен ако не се работи за посебно одобрени ситуации со дозвола издадена од Град Скопје кој ќе биде наутро од 7 до 9 часот. За да се олесни снаоѓањето, ќе биде поставена и соодветна физичка сигнализација на булеварите: „Партизански одреди“, „Климент Охридски“, „Илинден“ и улицата „Рузвелтова“, со што ќе се информираат сите учесници во сообраќајот за новиот режим.

Дебар маалци во рамките на карванот „Се гледаме во маало“, изразиле поддршка за овој пилот-проект кој им бил презентиран од страна на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Од Општина Центар велат дека доколку овој пилот-проект се покаже како успешен во Дебар Маало, ваков режим на сообраќај би можел да се примени во Градски парк, Буњаковец, Капиштец и во сите други зони на нејзината територија.

(А.П.)

 

ИЗДВОЕНИ