Новиот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Роберто де Зерби, испрати јасна порака до раководните лица дека сака да ги има на располагање во новата сезона и услугите на стандардниот првотимец во дресот на калчогигантот Јувентус, Мануел Локатели.
Големата желба на италијанскиот стручњак може да стане реалност само доколку официјалната понуда за искусниот играч за врска не биде помала од 35 мил. евра.











