
Холандскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Френки де Јонг, го привлече вниманието на спортската јавност со изјавата дека имало и такви луѓе во клубот кои барале негова продажба. И покрај таквата амбиција на некои клупски челници, офанзивниот играч за врска потпиша нов договор кој е со важност до 2029 година и во кој има ослободителна клаузула од 500 мил. евра.











