
Датум за нова, трета рунда разговори меѓу руската и украинската делегација би можел да биде договорен следната недела, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека двете страни треба да ги споредат реакциите на меморандумите и нацртите разменети на претходната средба во Истанбул.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека следната рунда разговори би можела да се одржи по 22 јуни.
Втората рунда разговори меѓу Русија и Украина се одржа на 2 јуни во Турција.
Средбата во палатата Чираган во Истанбул траеше повеќе од еден час.
За време на средбата, страните разменија меморандуми за решавање на конфликтот.
Како што објави по разговорите шефот на руската делегација, Владимир Медински, Русија и Украина се согласија за размена на тешко ранети, болни и сите војници под 25 години, како и за враќање на телата на паднатите војници.