понеделник, јануари 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Дарко Стефановиќ од Гевгелија го фати крстот во осветените води на реката...

Дарко Стефановиќ од Гевгелија го фати крстот во осветените води на реката Вардар кај Гевгелија

21

Во организација на Гевгелиското архиерејско намесништво кај мостот на Вардар, и оваа година, по 33-ти пат  се одржa традиционалното пливање по чесниот крст.

Голем број гевгеличани учествуваа во чествувањето на православниот празник Богојавление – Водици со осветувањето на водите на реката Вардар и традиционалното положување на Чесниот крст.Триесет млади момчиња влегоа во водите на „македонскиот Јордан“, реката Вардар, а најголема среќа да го фати чесниот крст имаше токму Дарко Стефановиќ од Гевгелија.

Од страна на свештениците од Гевгелиската епархија тој беше  благословен со желба да помине низ сите места во општина Гевгелија и да понесе со себе порака за благосостојба мир и љубов во секој христијански дом.

Градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов  подари лап топ а на сите граѓани им посака пред сѐ здравје, мир, љубов, пород и разбирање!

Оној кој ќе го фати осветениот крст, се верува дека ќе биде благословен и среќен целата година.

Инаку, овој настан е познат како Богојавление, бидејќи со чинот на крштевањето Господ, конечно се појави како Света Троица, Отецот, Синот и Светиот Дух. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Исус Христос.

 

ИЗДВОЕНИ