Данската премиерка Фредериксен го повикува Трамп да престане да се заканува со преземање на Гренланд

60

Повик до американскиот претседател Доналд Трамп да престане да се заканува со преземање на Гренланд, упати синоќа данската премиерка Мете Фредериксен.

-Апсолутно нема смисла да се зборува за преземање на Гренланд од страна на САД. САД немаат право да анектираат ниту една од трите земји на Кралството Данска – потенцира Фредериксен во изјава испратена по е-пошта.

Таа рече дека силно ги повикува САД да престанат да се закануваат на историски близок сојузник и на друга земја и луѓе кои многу јасно ставиле до знаење дека не се на продажба.

Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп повтори во телефонско интервју за списанието „Атлантик“ дека Венецуела можеби не е последната земја што е предмет на интервенција на САД, нагласувајќи дека на САД им е потребен Гренланд.

-Навистина ни е потребен Гренланд, апсолутно. Островот е опкружен со руски и кинески бродови – рече Трамп.

Фото: Европски парламент

ИЗДВОЕНИ