Данска забрзано се вооружува со оружје со долг дострел: Русија ќе претставува закана уште долго

21
ФОТО: EPA
Данците брзо се вооружуваат од страв од Русите: Ќе потрошат милијарда за набавки

Данската влада во средата објави дека за прв пат ќе купи прецизно оружје со долг дострел за да ги зајакне своите одбранбени капацитети, оценувајќи дека руската закана ќе биде присутна во Европа уште долго време.

„Нема сомнение дека Русија ќе продолжи да претставува закана за Европа и за Данска во годините што доаѓаат“, изјави премиерката Мете Фредериксен.

Министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен најави дека аквизицијата може да вклучува ракети и беспилотни летала, како и можност за набавка на флота патролни авиони „Боинг П-8“ за надзор на Фарските Острови и Гренланд.

Планот за зајакнување на данската војска мора да биде одобрен од парламентот, а според првичните процени, станува збор за вложување од неколку милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ