Данска планира со закон да го заштити идентитетот на луѓето од злоупотреба на вештачката интелигенција

59

Данската влада планира да го потисне создавањето и ширењето на длабоки лажирања генерирани со вештачка интелигенција со промена на законот за авторски права со цел да обезбеди секој да има право на своето тело, цртите на лицето и гласот.

Данската влада соопшти дека ќе ја засили заштитата од дигитални имитации на идентитетот на луѓето со она што верува дека е прв закон од тој вид во Европа.

Откако ќе биде обезбеден широк меѓупартиски договор, планот е пред летната пауза да се достави предлог за измени на важечкиот закон на косултација.

Преку планираните измени, „дипфејк“ се дефинира како многу реалистичен приказ на личноста, вклучувајќи ги нејзиниот изглед и глас.

Данскиот министер за култура Јакоб Енгел-Шмит рече дека се надева дека предлог законот ќе испрати „недвосмислена порака“ дека секој има право на начинот на кој изгледа и звучи.

Тој за „Гардијан“ изјави: „Во нацртот се согласуваме и испраќаме недосмислена порака дека секој има право на своето тело, глас  и свои црти на лицето, што очигледно не е начин на кој моменталниот закон ги штити луѓето од ВИ. Човечките битија можат  да бидат спроведени низ дигитална копир машина и злоупотребени во разни цели, а јас не сум подготвен да го прифатам тоа“, напомена тој.

Овој потег,за кој се верува дека има поддршка од девет од десет пратеници, доаѓа по брзијот развој на ВИ технологијата која го олесни повеќе од кога и да е создавањето лажни фотографии, видеа или звуци кои би имитирале особини на други лица.

 

ИЗДВОЕНИ