epa12683358 Germanys Marko Grgic and Denmarks Rasmus Lauge during the EHF Euro 2026 main round men's handball match between Denmark and Germany at Jyske Bank Boxen in Herning, Monday, January 26, 2026. EPA/Bo Amstrup DENMARK OUT

Вечерва од 18 часот во Хернинг се игра големото финале на Европското првенство во ракомет, каде ќе се сретнат репрезентациите на домаќинот Данска и Германија

Двете репрезентации ќе се обидат да стават на постот на континенталните шампионати. Данците не биле европски прваци од 2012, а Германците од 2016 година што за селекции како нив е навистина долг период. Двете репрезентации имаат по две титули на овие првенства, а една од нив ќе се искачи на третото место по бројот на трофеи, зад Шведска и Франција.

 EPA/Bo Amstrup DENMARK OUT

За Данците влогот е нешто поголем во однос на Германците. Скандинавците имаат можност да го повторат големиот успех на Франција и да станат втора селекција во историјата која ќе ги обедини сите титули и ќе стане апсолутен владетел во светскиот ракомет. Тие веќе го имаат во своја сопственост олимпиското и светското злато, а четири пати по ред се планетарни прваци.

Германија е актуелен олимписки вицешампион, но резултатите на останатите големи натпреварувања последните години не воодушевуваат. Медал од светските првенства нема од 2007 година, а последниот голем успех на континенталните шампионат е спомнатиот, од 2016 година кога ја освои титулата.

 

ИЗДВОЕНИ