Ракометната репрезентација на Данска е нов европски шампион, Данците во големото финале ја победија Германија со 34:27 и станаа втората репрезентација во историјата која во еден период ги имала сите ракометни титули.
Данците сега се европски, светски и олимписки шампион, претходно единствена со таков успех беше Франција.
Домаќините водеа во текот на целиот натпревар, но Германците постојано беа близу. Се играше брз меч со многу голови иако голманите беа фантастичини. На одморот Данска имаше водство од 18:16. Брзо во второто полувреме Германија успеа да го израмни резултатот, но Данците веднаш го вратија водството и на крајот славеа убедливо за да ја освојат првата европска титула по 2012 година, вкупно трета на континенталните шампионати.
Питлик со осум голови беше најефикасен, Хансен и Гидсел постигнаа по седум, кај Германците по пет дадоа Гола, Гргиќ и Кнор.
Бронзата ѝ припадна на Хрватска која претходно во битката за третото место го совлада Исланд со 34:33.












