
Данската војска објави дека Арктичките командни сили на земјата евакуирале член на екипажот на американска подморница од брегот на Гренланд за да му пружат итна медицинска помош, објавува Danas.rs.
Командата на својот Фејсбук профил изјави дека членот на екипажот бил евакуиран вчера на околу 13 километри од Нуук, главниот град на Гренланд, а потоа префрлен во болница.
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп доцна синоќа објави дека планира да испрати болнички брод во Гренланд, под образложение дека луѓето таму се болни и не добиваат медицинска помош.
Данската премиерка Мете Фредериксен реагираше на тврдењето на Трамп, објавувајќи на Фејсбук дека е „среќна што живее во земја каде што има бесплатен и еднаков пристап до здравствена заштита за сите, каде што осигурувањето и богатството не одредуваат дали ќе добиете соодветен третман“.











