среда, февруари 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Даночната управа апелира да не се чека последниот ден за поднесување на...

Даночната управа апелира да не се чека последниот ден за поднесување на ДДВ пријава

25

Управата за јавни приходи извести дека и во понеделник (27 октомври) ќе можат даночните обврзници да поднесат пријава за ДДВ.

– Законскиот рок за поднесување и плаќање на ДДВ-04 пријавите е 25 октомври (сабота), а бидејќи е неработен ден, истиот се поместува за првиот нареден работен ден – понеделник, 27 октомври 2025 година. Апелираме даночните обврзници обврските да ги исполнат навремено и да не го чекаат последниот ден од законски утврдениот рок, со цел да се избегне преоптоварување на системот и можни технички пречки во последен момент – информираат од УЈП.

Во овој период се поднесуваат месечни и тримесечни ДДВ-04 пријави.

– Важно е да се напомни дека поднесувањето на пријавата без истовремено плаќање на долгот не ги исполнува законските обврски. Само со целосно точно и навремено поднесување на пријавата и плаќање на обврските, се избегнуваат дополнителни камати, санкции и непотребен стрес – велат од УЈП.

ИЗДВОЕНИ