Македонската ММА-шампионка, Даниела Алексовска, денеска ќе настапи на престижниот настан „Армада 13“ во Бачка Паланка (Србија), каде што ќе го има својот прв меч во полупрофесионална конкуренција. Прва ривалка во октагонот ќе ѝ биде ирската натпреварувачка Ева Круз, која доби голема поддршка пред овој меч од контроверзниот УФЦ-борач, Конор Мекгрегор. Таа досега има 13 борби во категоријата до 52,2 килограми.
Настанот ќе се емитува во живо, на каналот „Арена фајт“, во 21:00 часот.