Македонскиот секси-поп пејач Даниел Стојмановски-Данн (со две букви “н“ во прекарот), на промоцијата на култното музичко ТВ-шоу „Хитмејкер“ испеа свои две нови песни. Тоа се „Нон-стоп стрес“ и „Ќе се шекнам“. Па, богами кога ќе ги слушнете овие песни и кога ќе го видите новиот светски имиџ на Данн, ништо друго и не ви останува освен пријатно да се шекнете. Ова важи пред се за женскиот дел од неговите огнени фанови.
Двете песни се во модерен поп-фанк правец, како успешна спојка на соработката со продуцентот Александар Ристовски – Принц. Данн појаснува дека е особено среќен поради одличните реакции на присутната публика на промоцијата. Уште повеќе и поради добрите вибрации на речиси секој кој најде причина да пее со него, а со тоа и емотивно да ужива. (Д.М.)