Дали се градат мали хидроцентрали на Матка, прашуваат од Зелен Хуман Град пренесувајќи реакции на загрижени граѓани кои при случајна прошетка на Матка забележале тешка механизација, па ги прашале работниците што се случува, а тие им одговориле дека копаат за мали хидроцентрали.

– Никаде нема никаква табла или какво било друго известување кој и какви работи изведува! Веднаш реагиравме до Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за транспорт и врски, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Влада и Општина Сарај. Дали и кој издал дозвола за мали хидроцентрали на Матка или и ова е уште една во низата дивоградби во заштитено подрачје со исклучителни вредности – прашуват од Зелен Хуман Град.

Локалитетот Кањон Матка како споменик на природата е прогласен од Градот Скопје уште во 1994 година заради извонредните, геолошки, геоморфоролшки, хидролошки, флористички и фаунистички карактеристики. Кањонот Матка е рефугиум и емералд подрајче и неговата заштитата ги надминува интересите и границите на Македонија. И покрај тоа, над 2 децении ова вредно подрачје останува незаштитено со посебен закон.

– На сите ни е добро познато дека мали хидроцентрали значат големи последици по скапоцената животна средина и по основното човеково право – водата за сите нас – велат од Зелен Хуман Град и веднаш бараат одговори од надлежните институции.

ИЗДВОЕНИ