Дали Путин испратил двојник на состанокот со Трамп?

1425
epa12303750 Russian President Vladimir Putin attends a joint news conference with US President Donald Trump following their meeting at Joint Base Elmendorf-Richardson in Anchorage, Alaska, USA, 15 August 2025. EPA/SERGEY BOBYLEV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа вчера во 21:00 часот  во Алјаска, објави Белата куќа.

Теоретичарите на заговор се убедени дека Владимир Путин всушност не се сретнал со Доналд Трамп во Алјаска, туку дека рускиот претседател испратил двојник.

Теоретичарите на заговор ги базираат своите претпоставки на изгледот и одењето на Путин, тврдејќи дека лицето кое слетало на Алјаска имало пополни јаболчници и изгледало посреќно од Путин.

„Мислам дека ова е двојникот број 5 на Путин. Воопшто не личи на него. Образите му се позаоблени и не оди со вообичаените движења“, „Ова буквално не е вистинскиот Путин. Дури не испратија ни добар двојник“, „Секој што сè уште не верува дека ова е двојникот на Путин е идиот“, „Образдите му се премногу дебели и се смее премногу. Изгледа како цело време да се обидува да го задржи смеењето“, „Премногу е жив. Вистинскиот Путин има посериозно лице, многу малку емоции“, напишаа корисниците на социјалните мрежи.

Шпекулациите дека Путин користи двојници не се нови. Всушност, постои цела страница на Википедија посветена на „наводните двојници на Владимир Путин“. Застапниците на оваа теорија веруваат дека двојниците на Путин биле подложени на операција за да личат што е можно повеќе на рускиот лидер.

Сепак, малите разлики во одењето и изгледот ги откриваат, тврдат застапниците. Една таква разлика е препознатливиот „од како пиштолџија“ на Путин, кој дублерите не успеале да го имитираат. „Одењето како пиштолџија“ на Путин е стил на одење во кој едната рака (обично десната) останува невообичаено мирна покрај телото, додека другата рака (левата) се ниша нормално.

ИЗДВОЕНИ