понеделник, март 2, 2026
Дома МАГАЗИН Дали победата на Дорис Драговиќ со песната “Жељо моја“ за Песна на...

Дали победата на Дорис Драговиќ со песната “Жељо моја“ за Песна на Евровизија, беше местенка на нашиот Џаро?

35

Евровизискиот скандал кој ја потресе некогашната југословенска музичка сцена!

Се наоѓаме во периодот кога овие клучни десетина дена се избираат песните кои ќе ги слушаме на овогодинешната Песна на Евровизија во Виена. Како што е познато Македонија по третпат не учествуа од многу причини. Наводоно да не се арчат народните пари. Дали е токму така, останува допрва да видиме.

Но во меѓувреме на големо се зборува за некогашните југословенски евровизиски избори кои честопати беа во знакот на скандалите а, и наместени победи. Без разлика на нивниот гламур и настапот на тогашните најпопуларни пејачи.

Тогашната Југославија на Евровизија пред 40 години ја претставуваше сплитската пејачка Дорис Драговиќ, која инаку, сега на 14-ти март ќе има свој концерт во Скопје. Таа со прекрасната балада „Жељо моја“ настапи на Евровизија и го освои 11-то место. Сепак, на југословенскиот избор таа година во Приштина, Дорис не беше главен фаворит. Таа 1986-та во Приштина, за победата конкурираа и Неда Украден  со песната „Шај, Роде, Шај“, но и Лепа Брена  со песната „Мики, Миќо“. Во гласањето учествуваа телевизиски станици од сите Републики од поранешна Југославија. Дорис Драговиќ победи во последен момент, а тоа предизвика нервен шок кај Неда и Лепа Брена. Според пишувањето на тогашното југословенско списание „Свет музика“, Дорис прво требало да настапи на „Југовизија“ со групата „Море“ како претставник на ТВ Титоград на изборот во Приштина. Сепак, во пресрет на натпреварот, Дорис ги напушта своите претходни соработници и прифаќа покана од ТВ Загреб да ги претставува со песната „Жељо моја“, напишана од авторот Зринко Тутиќ. Менаџерот Зоран Шкугор се присети на овој евровизиски скандал во интервјуто за магазинот „Стори“.

-Дорис тогаш ја напушти сплитската група и почна сама да пее. Ме прашуваше дали сум подготвен да и бидам менаџер? Да, во договорот со Телевизија Загреб, ја пративме Дорис да настапува на таа „Југовизија“ во Приштина. Го ангажирав Зринко Тутиќ да ѝ ја напише песната. Со „Жељо моја“ Дорис победи а, ние сите бевме пресреќни.          Но, скоро никој не знае што се случуваше помеѓу гласањата во ТВ-центрите пред самото финале. Беше единствено познато дека РТВ центарот на Приштина нема да ѝ го даде својот глас на Дорис, затоа што пред тоа за нешто многу ги налутила. Телевизија Загреб не ѝ даде на Неда ниту еден поен, затоа што таа година ја напушти нивната издавачка куќа „Југотон“ и се пресели во сараевскиот „Дискотон“. Се шпекулираше дека Неда ќе победи без оглед на тоа . Најголем фаворит за победата беше секако Лепа Брена. Но и таа отпадна и ако никој не ја гледаше Дорис како победничка во тоа време. Многумина мислеа дека песна „Жељо моја“ беше премногу бавна за Европа. Некако повеќе за “Сплитскиот фестивал“ отколку за европското натпреварување.Сепак, на самиот крај изненадно се случи пресврт во гласањето. Велат, по голема заслуга на нашиот менаџер Џаро кој тогаш имаше ЈУ-турнеја со Дорис, а и да ѝ се оддолжи за некои приватни услуги. Сепак се остана во доменот на шпекулации и озборувања. За жал, Џаро почина, па тајните и дилемите заминаа со него. Во секој случај, убавата Дорис достојно ги бранеше боите на таа Југославија на 3 мај 1986 година во норвешкиот град Берген. Многумина се сеќаваат дека беше облечене во елегантниот бел фустан, додека баладата “Жељо моја“, (Желбо моја) сè уште се пее и сега, по долгите четири децении.  (Д.М.) фото:архива-ФБ-Јутјуб

ИЗДВОЕНИ