Обидот за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп за време на предизборен митинг во Пенсилванија во јули 2024 година ја шокираше американската и глобалната јавност, но исто така предизвика бран теории на заговор, особено на социјалните медиуми.
Иако истрагите на ФБИ и другите безбедносни агенции потврдија дека станува збор за вистински напад во кој Трамп беше лесно ранет од куршум, дел од јавноста упорно ја доведува во прашање официјалната верзија на настаните, тврдејќи дека атентатот бил инсцениран за политичка корист.
Голем број корисници на интернет ги преземаа снимките од различни агли, обидувајќи се да идентификуваат неправилности во однесувањето на Тајната служба, изгледот на раната на увото на Трамп, па дури и изразот на неговото лице по инцидентот. Еден од најчестите аргументи од теоретичарите беше дека „вистински напаѓач“ би употребил поефикасно оружје и дека нападот изгледал „исцениран“.
📸 Watch: Trump raises fist following assassination attempt pic.twitter.com/Q0nEdbKYVB
— The Telegraph (@Telegraph) July 14, 2024
Моментот на Трамп со кревање тупаница кон публиката привлече особено внимание, за кој некои го прогласуваат за однапред сцениран гест за зајакнување на култот на „нескршливиот лидер“, особено по серијата видеа и коментари од политички влијателни личности.
Сите овие елементи поттикнаа сомнеж кај Американците кои веќе не им веруваат на институциите.
Отворените прашања за мотивите на 20-годишниот напаѓач Томас Метју Крукс, недостатокот на општи информации за него, како и необјаснетите безбедносни пропусти и последователната оставка на директорката на Тајната служба, Кимберли Читл, го поттикнаа впечатокот дека целата приказна не е целосно позната, пренесува Индекс вести.