Последен пат претседателите на САД и Русија Доналд Трамп и Владимир Путин се сретнаа пред шест години, но под значително различни геополитички околности.
А сега би можеле повторно да се сретнат – за да се обидат да стават крај на војната што трае повеќе од три години.
На денот кога рускиот претседател Владимир Путин и американскиот дипломат Стив Виткоф се сретнаа (повторно) во Москва, американскиот претседател Доналд Трамп наговести трилатерален состанок со шефовите на државите на Русија и Украина.
Трамп го опиша разговорот меѓу неговиот претставник и Путин како „многу добар“.
На прашањето дали се согласил со Путин за потенцијален состанок, американскиот претседател им рече на новинарите дека има „многу добри шанси“, но не даде дополнителни детали.