Дали нападите врз иранските нуклеарни постројки би можеле да предизвикаат катастрофа слична на Чернобил?

53
EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Нападите врз иранските објекти за збогатување ураниум, како оној во Натанц, не носат ризик од нуклеарна катастрофа од размерите на Чернобил или Фукушима, објави „Би-би-си“, повикувајќи се на проценки од нуклеарни експерти.

Според „Би-би-си“, целите биле објекти за збогатување ураниум, а не активни реактори во кои се случува нуклеарна фисија. Поради оваа причина, ризикот од ширење на радиоактивноста е минимален.

-Нема нуклеарна реакција во централа за збогатување ураниум, за разлика од нуклеарна централа, објасни за „Би-би-си“ Сајмон Мидлбург, експерт за нуклеарни материјали на Универзитетот Бангор. Во електрана се случува контролирана фисија – разделување на атоми на ураниум, што создава топлина, но и високо радиоактивен отпад.

Од друга страна, при збогатување на ураниум, централите произведуваат само гориво – нема нуклеарна реакција.

Доколку таков објект биде бомбардиран – вели Мидлбург, збогатените честички од ураниум би можеле да бидат ослободени во околината, но нема да има нуклеарна експлозија или широко распространето зрачење.

-Опасноста би останала локализирана, без радиолошки ризик надвор од малата зона на исклучување околу засегнатиот објект – рече Мидлбург.

„Би-би-си“ потсетува дека израелските сили извршија нови напади врз објектите во Натанц синоќа. Досега нема информации за истекување на радиоактивен материјал.

ИЗДВОЕНИ