петок, февруари 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Дали Надежда ќе донесе надеж за односите Скопје-Софија?!

Дали Надежда ќе донесе надеж за односите Скопје-Софија?!

32

Министерот Тимчо Муцунски телефонски разговарал со новата шефица на бугарската дипломатија

Телефонски разговор утрово имале македонскиот министер за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка, новоименуваната шефица на бугарската дипломатија, Надежда Нејнски.

– Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. Воедно, иницирав билатерална средба која би се реализирала во наредниот период, пишува Муцунски на својот Фејсбук профил.

ИЗДВОЕНИ