Дали Макрон „доби“ шлаканица од сопругата или тоа беше „момент на блискост“?/ВИДЕО

827
EPA-EFE/Chalinee Thirasupa / POOL

Камерата на агенцијата АП го снимила моментот кога првата дама на Франција, Брижит Макрон, го удира својот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон, со рака во главата. Инцидентот се случил додека екипажот ја отворал вратата на авионот при слетување во Виетнам, а двојката не била свесна дека се наоѓаат во кадарот на телевизиска екипа.

Снимката е направена во недела навечер на аеродромот во Ханој, додека вратите на авионот се отворале, а францускиот претседател се подготвувал да излезе од него. Макрон сè уште беше во авионот свртен навнатре. Одеднаш, раката на жена во црвено плато влегува во кадарот, удирајќи го лицето и туркајќи ја главата на францускиот претседател.

На кадарот се гледа неговиот шокиран израз. Штом сфати дека вратата е отворена и сите можат да го видат, францускиот претседател се насмевна, мавна со раката и брзо влезе во авионот.

Францускиот претседател Емануел Макрон беше удрен од сопругата за време на семејна расправија што беше снимена со камера.

Инцидентот се случил кратко откако францускиот претседателски авион слетал во Виетнам.

Претставник на Елисејската палата го минимизираше моментот, негирајќи дека станува збор за караница меѓу двојката, која е во брак од 2007 година.

„Тоа беше момент кога претседателот и неговата сопруга се опуштаа последен пат пред почетокот на патувањето смеејќи се. Тоа беше момент на блискост“, рече претставникот.

Посетата на Макрон на Виетнам, прва на француски претседател за речиси една деценија, доаѓа во време кога тој има за цел да го зголеми влијанието на Франција во нејзината поранешна колонија.

Виетнам, кој има економија силно ориентирана кон извоз, направи отстапки кон САД во трговските разговори во обид да избегне царини од 46%. Но, Брисел е загрижен дека напорите на Виетнам да купи повеќе американски производи би можеле да бидат на штета на Европа.

ИЗДВОЕНИ