Италијанскиот тенисер Јаник Синер е повторно под истрага, но не за некакво лошо дело.

Наместо тоа, тоа има повеќе врска со матичната компанија што ги произведува најсовремените слушалки што ги носи за време на тренинг за да ја подобри концентрацијата.

Истражувачкиот новинар Пабло Торе го објави случајот во врска со компанијата „Фолус калм“.

  • Хардвардски стартап беше финансиран од кинеската влада речиси една деценија пред да се пресели во Кина и соработуваше со компании за роботика за обука на идни војници, сподели Торе снимка од разговорот.

Цела епизода од неговата емисија „Пабло Торе открива“, насловена како „Дали Кина ги украде мозочните бранови на Јаник Синер?“ е достапна на „Јутјуб“.

Истрагата на Торе ги преминува границите на спортот, технологијата и на меѓународната политика и веројатно ќе доведе до поголема приказна.

Патем, Торе е новинар кој неодамна почна да известува за Каваи Ленард и за скандалот околу неговата соработка со измамничка компанија за садење дрвја.

Следниот турнир на Синер ќе биде во Пекинг на 24 септември, па ќе биде интересно ако добие прашања на оваа тема.

 

ИЗДВОЕНИ