Експертите предупредуваат дека доколку за појадок консумирате индустриски житарки, особено оние со висока содржина на шеќер, тоа може да има негативно влијание врз вашето здравје, пишува Index.hr.
Зошто индустриските житарки се лоши?
Биохемичарката Џеси Инчауспе нагласува дека овие житарки предизвикуваат нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до:
ненадеен пад на енергијата
чувство на замор
нарушувања на расположението во текот на денот
зголемен ризик од развој на дијабетес тип 2.
Која е поздрава алтернатива?
Наместо засладени житарки, таа препорачува појадок кој е богат со протеини, влакна и здрави масти. Така, на пример, тостот со авокадо е одличен избор, бидејќи помага да се одржи стабилно ниво на шеќер во крвта и дава подолго чувство на ситост.
Не се сите житарки лоши
Важно е да се знае дека не сите житарици штетни. Овесната каша, на пример, содржи бета-глукан, кој помага во намалување на „лошиот“ ЛДЛ холестерол и обезбедува стабилна енергија во текот на утрото.
Значи, при изборот на житарки за појадок, препорачливо е:
читање нутритивни декларации,
избегнување производи со висока содржина на шеќер,
избирање цели зрна без адитиви.
Ваквите промени можат значително да придонесат за подобро здравје и постабилно ниво на енергија во текот на денот.