Мегапопуларната и сè уште атрактивната 65-годишната пејачка Лепа Брена деновиве пред стартот и на календарското лето со високи температури, максимално ужива во овоземскиот живот. Има доволно заработени пари, па ѝ се може. Славната пејачка покажува како изгледа нејзиниот „американски сон“: со пура во едната рака, чаша шампањ во другата, црвената шапка на главата, без фановите, зборува повеќе од илјада зборови.
Лепа Брена веќе некое подолго време максимално опуштено ужива во својот втор дом под палмите на Флорида.
Тоа редовно го „документира“ на својот инстаграм-профил, на задоволство на нејзините бројни обожаватели низ светот.Секој ден може да си дозволи да живее луксузно на американскиот океански брег. На фотографиите што ги споделува се гледа како е опуштена покрај базенот, како појадува здрава храна во одбраните ресторани и како шета со своите синови Виктор и Филип Живојиновиќ, кои се таму со својата мајка, правејќи ѝ друштво во тоа гламурозно американско богатство.
Лепа Брена на Флорида е далеку од естрадната сцена. Таму е своја на своето. Најобична! Во лежерно издание, во едноставна бела евтина маица, со скапите шапки како од холивудската „Династија“ и секако со темни очила за сонце. И тогаш е таква кога е само во прошетката низ улиците на убавиот Мајами. Среќна што никој не ја преморува, не ја препознава и не ѝ бара автограм или заедничко сликање за фалење дека е сликан со Лепа Брена, а што инаку на пејачката ѝ оди на нерви. (Д.М.) foto/Instagram