Екипата на Далас повторно се соочува со проблеми поради новата повреда на Ентони Дејвис. Тој го заврши натпреварот против Јута со 21 поен, 11 скокоа и четири асистенции, недоволни за да го избегнат поразот (116:114). Но, ако мора да има уште една долга пауза, тоа ќе биде голем проблем за Маверикс. Дејвис ја повреди раката на две минути до крајот на натпреварот и мораше предвреме да оди во соблекувалната.
Инаку, тој беше во центарот на вниманието минатата година, кога реши Далас да го размени Лука Дончиќ за него, и сето тоа им се удри од глава. Дејвис е почесто повреден отколку што е на теренот, а Далас игра очајно веќе подолг период.
- Нормално е за нас, ништо ново. Имаме многу проблеми со повредите и со болестите. Губиме еден човек, следниот доаѓа – порача тренерот Џејсон Кид.
Дејвис пропушти 20 натпревари оваа сезона и има просек од 20,3 поени, со околу 50 % шут од поле.











