Дал 14.000 евра за операција на ќерка му, сфатил дека е излажан кога му се јавила жива и здрава

Нова телефонска измама во Чашка

26

Пензионер од Чашка бил измамен преку телефонска измама за лажна сообраќајна несреќа која наводно ја направила неговата ќерка и му биле извлечени 14.000 евра.

– На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полицијата имаше кампања за освестување на повозрасните граѓани да не подлегнуваат на ваквите измами. Измамниците се јавуваат на фиксен телефон и најчесто лагата е дека близок член на семејството направило сообраќајка, па се потребни пари за операција или за прикривање на делото.

 

ИЗДВОЕНИ