петок, февруари 13, 2026
Дома БАЛКАН Дачиќ испрати писмо до директорот на ФБИ поради тврдењата дека на студентскиот...

Дачиќ испрати писмо до директорот на ФБИ поради тврдењата дека на студентскиот протест бил употребен „звучен топ“

581

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, испрати писмо до директорот на Федералното биро за истраги, Кеш Пател, со покана да помогне во стручната анализа врз основа на знаењето и искуството што го имаат во областа на користење уреди кои емитуваат звучни бранови.

Помош е побарана имајќи предвид дека српското Министерство за внатрешни работи се соочи со јавни и медиумски обвинувања дека негови припадници употребиле „звучен топ“ за време на јавниот митинг одржан во Белград на 15 март.

Бидејќи овие средства се со закон забранети во Србија, дописот е испратен со барање Федералното биро за истраги да помогне во вештачењето за утврдување на сите околности на споменатиот настан.

ИЗДВОЕНИ