Да се потпише декларацијата за развој на урбана мобилност

16

Група од 13 граѓански организации упатија заедничко барање до сите кандидат(к)и за градоначалници на Град Скопје и на општините во Скопје, Битола и во Кочани да ја поддржат и потпишат декларацијата за развој на урбана мобилност, која е еколошки, родово и економски одржлива.

Со потпишувањето на декларацијата, кандидатите се обврзуваат дека, доколку бидат избрани за градоначалници, ќе работат на: развој на безбедна и пристапна велосипедска и пешачка инфраструктура, урбанистичко планирање со родова перспектива, правично субвенционирање со фокус за ранливите групи, кампањи и едукација за безбедно и одржливо урбано движење, намалување на автомобилскиот сообраќај, квалитетен, редовен и инклузивен јавен транспорт.

– Истражувањата на ЦИКП покажуваат дека: жените почесто пешачат и користат јавен превоз, кој често е нередовен и небезбеден, мажите почесто користат автомобили, додека лицата со попреченост и родителите со колички секојдневно се соочуваат со непристапна инфраструктура. Заедно можеме да изградиме градови што се позелени, побезбедни и попристапни за сите – велат граѓанските организации.

 

 

ИЗДВОЕНИ