Да се отстранат пловните објекти од „Сараиште“, Канео и Пештани

23

Од Општина Охрид предупредуваат сопствениците на пловни објекти – кајчиња во најкраток временски период, истите да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“, населбата Канео и село Пештани.

-Во спротивно, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците – посочуваат од локалната самоуправа.

Оттаму велат дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето пред почетокот на летната туристичка сезона.

 

ИЗДВОЕНИ