петок, јануари 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Да не се полева тревата со вода за пиење

Да не се полева тревата со вода за пиење

46

ЈКП „Водовод Битола“ ги информира граѓаните за рационално користење на водата за пиење. Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола, покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници што енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на корисниците.

Во овој период се планираат исклучувања на бесправно поврзаните корисници на водоводната мрежа.

ЈКП „Водовод“ – Битола апелира да не се користи пивката вода за наводнување поголеми површини, туку рационално да се користи за основните потреби.

– Секоја злоупотреба – нерационално користење на водата и сите иматели на диви приклучоци ќе сносат одговорност и ќе биде поднесена соодветна пријава кон нив – предупредуваат од ЈКП „Водовод“ – Битола.

При тоа, ги информираат граѓаните што живеат во висококатниците, да ги користат своите хидрофорски постројки.

 

ИЗДВОЕНИ