
Поголемиот дел од тенискиот свет ја обвини ИТИА и водечките тениски власти за преблаги казни и двојни стандарди во случајот на Синер, а впечатокот е дека тоа мислење го дели и Вилијамс, кој не сакаше директно да го нападне Италијанецот.
„Толку ме спуштија, што навистина не сакам да му го правам тоа некому. Тој е неопходен за машкиот тенис, но – да го направев тоа, ќе добиев 20-годишна суспензија! Ќе ми одземе некој грен-слем. Ајде да бидеме искрен!”, изјави Серена Вилијамс во интервју за „Тајм“.
Американката, сопственичка на 23 грен-слем титули во сингл, истакна дека била внимателна во текот на кариерата за случајно да не внесе нешто незаконско во нејзиното тело, без разлика колку би било тоа ненамерно.
-Да ми се случеше тоа, ќе завршев во затвор. Ќе слушнете веднаш за тоа, таа вест ќе го обиколеше светот“, додаде Серена низ смеа.
Таа, исто така, ја спореди ситуацијата на Италијанецот со онаа со која се соочи Марија Шарапова, која (по намалувањето по жалбата) беше суспендирана на цели 15 месеци пред речиси една деценија.
Во телото на Русинката е пронајдена супстанца која ја користела во текот на кариерата, но која првпат била ставена на листата на забранети неколку месеци пред тоа.
„Колку и да е чудно, цело ова време не можам а да не мислам на Марија. Не можам да не сочувствувам со неа…“, истакна нејзината голема ривалка.