Да беше Трамп претседател на САД, ќе немаше војна во Украина, смета Орбан

39
EPA-EFE

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше Западот за начинот на кој се справува со кризата меѓу Русија и Украина, велејќи дека војната можела да биде спречена доколку Доналд Трамп бил претседател на Соединетите Американски Држави (САД) во тоа време.

„Да имаше сериозен претседател, како Доналд Трамп, тој ќе ја спречеше војната“, рече тој во интервју со водителот Бен Шапиро.

Зборувајќи за војната во Украина, тој изрази остро критички став кон справувањето на Западот со кризата, објаснувајќи дека Украина служела како тампон-зона помеѓу Русија и НАТО сè додека западните лидери, со поддршка на САД, не се обиделе да ја интегрираат во западните воени и економски структури.

„Русите категорично изјавија дека нема да го толерираат ова“, рече тој, тврдејќи дека друг американски претседател можел да ја спречи ескалацијата. „Доколку имаше сериозен претседател, како Доналд Трамп, тој ќе ја спречеше војната“, рече Орбан.

ИЗДВОЕНИ