„Цветни балкони – цветен Охрид“

576

Општина Охрид традиционално и годинава, во рамките на одбележувањето на 5 Јуни, Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – цветен Охрид“.

– Во рамките на овој проект ќе им бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите што живеат на следниве улици: „Кеј Македонија“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Кузман Капидан“, „Христо Узунов“, „Климентов универзитет“, „Нада Филева“, „Боро Шајн“, „Григор Прличев“, „Кочо Рацин“, „Свети Кирил и Методи“, „Браќа Миладиновци“, „Цар Самоил“, „Методи Патче“, „Петар Чауле“, „Аргир Маринчев“, „11 Октомври“, „Димче Маленко“, „Бранко Шотра“ и „Охридска архиепископија“. Акцијата ќе се реализира на 4 и на 5 јуни 2025 година – информираат од Општина Охрид.

Оттаму нагласуваат дека граѓаните од гореспоменатите улици, кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе, ќе може да ги подигнат во расадникот на ЈП „Охридски комуналец“, на 4 јуни и на 5 јуни 2025 година, од 9:00 до 13:00 часот, а со себе треба да носат копија од личните документи (лична карта или пасош) за идентификација, од кои ќе биде видлива адресата на живеење.

ИЗДВОЕНИ