Според проектот, булеварот „Цветан Димов“ ќе има по три сообраќајни ленти од двете страни, како и тротоари и велосипедски патеки. Раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Чаир, Џенгис Хани, информираше дека на средина од булеварот ќе има зелен појас. – Во моментов се прави анализа дали ќе има потреба да се прават кружни текови и околу поставувањето семафори. Во тек е и решавањето на имотноправните спорови и сметам дека многу скоро ќе почне реализацијата на проектот – уверува Хани. Проценетата вредност за реализација е 150.000.000 денари со вклучен ДДВ или 2,5 милиони евра. Средствата за реализација на овој проект ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, кој ќе учествува и со решавање на имотноправните спорови, додека Општина Чаир со изработка на ревидиран урбанистички проект за инфраструктурата, со идеен и основен сообраќаен проект. Изведбата ќе се реализира преку спроведување јавна набавка или преку ангажирање на ЈП „Улици и патишта“

 

 Булеварот „Цветан Димов“ во Чаир, кој е тесно грло во градот, ќе се проширува. За таа цел, градските советници на утрешната седница треба да ја аминуваат предлог-одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за изработка на проектна документација, изградба ,реконструкција и одржување на сообраќајницата. Станува збор за потегот од раскрсницата со булеварот „Никола Карев“, вклучително со раскрсницата со улицатата „Џон Кенеди“.

Според проектот, булеварот „Цветан Димов“ ќе има по три ленти од двете страни, како и тротоари и велосипедски патеки.

Раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Чаир, Џенгис Хани, информираше дека на средина од булеварот ќе има зелен појас.

– Во моментов се прави анализа дали ќе има потреба да се прават кружни текови и околу поставувањето семафори. Во тек е и решавањето на имотноправните спорови и сметам дека многу скоро ќе почне реализацијата на проектот – уверува Хани.

Проценетата вредност за реализација на меѓуопштинската соработка е 150.000.000 денари со вклучен ДДВ или 2,5 милиони евра. Средствата за реализација на овој проект ќе се обезбедат од буџетот на Град Скопје, и тоа 5.000.000 денари за 2026 година, 55.000.000 денари за 2027 година и 90.000.000 денари за 2028 година, од потпрограмата ЈДА 482130. Град Скопје ќе учествува и со решавање на имотноправните спорови.

Во остварувањето на оваа соработка, Општина Чаир, пак, ќе учествува со изработка на ревидиран урбанистички проект за инфраструктурата, со идеен и основен сообраќаен проект.

– Врз основа на процена извршена од изработувачот на проектната документација, констатирано е дека за реализација на изградбата, реконструкцијата и одржувањето на улицата „Цветан Димов“, од раскрсницата со булеварот „Никола Карев“ до и со раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“, потребни се 150.000.000 денари со вклучен ДДВ – се наведува во образложението на предлог-одлуката. 

Во него, исто така, стои дека ќе се реализира изведбата преку спроведување јавна набавка или преку ангажирање на ЈП „Улици и патишта“, чиј основач е Град Скопје.

И градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, неодамна, во медиумско гостување, информираше дека изградбата на улицата „Цветан Димов“ веќе е вклучена во буџетот на Град Скопје и дека ќе продолжи процесот, без одложување.

Според него, интензивно се работи за да се обезбеди целата потребна документација и за да се најдат решенија што нема да ги оспорат градежните работи. Тој нагласи дека најкритична точка останува станбениот објект спроти основното училиште „Лирија”.

– Нема деловни објекти што треба да се уриваат. Доколку евентуално на некој граѓанин му биде одземен дел од неговиот имот, тој ќе биде правично обесштетен – изјави Меџити.

Тој беше дециден дека ќе се реализира проектот.

– Изградбата на булеварот „Цветан Димов“ ќе се реализира, тука нема дилеми – рече градоначалникот.

Улицата „Цветан Димов“ сега има по две коловозни ленти во двата правци, но постојано има метеж на неа бидејќи една од лентите е блокирана со паркирани коли.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ