Јапонскиот возач Јуки Цунода направи ужасен инцидент токму на почетокот од квалификациите за Големата награда на Емилија-Ромања, на патеката „Имола“. Само неколку минути по почетокот на квалификациите во еден од најспектакуларните тркачки викенди во сезоната, Цунода целосно го уништи скапиот болид на Ред бул. За среќа, тој помина без потешки повреди и успеа сам да го напушти болидот што го управуваше.
Сè уште не е познато што го предизвика овој тркачки инцидент. На прв поглед, се чини дека Јуки Цунода имаше совршено добра траекторија и дека правилно излезе од кривината, но набрзо ја загуби контролата врз болидот и излета од патеката. Имаше удар во заштитната ограда, потоа превртување и на крај вознемирувачки снимки од целосно уништениот болид.
За среќа, „ореолот“ го направи своето и го спаси животот на јапонскиот возач, а овој инцидент спаѓа во категоријата на оние што покажуваат колку напреднале безбедносните протоколи во Формула 1 во текот на изминатите години. Јуки Цунода излезе од болидот само неколку секунди по ужасната несреќа што ја претрпи и потоа организаторите го однесоа од местото на настанот.