Благодарение на брзиот и координиран ангажман на сите екипи и ресурси на терен, пожарот кој избувна на територија на општина Желино и се движеше во правец на Еребино во моментов е ставен под контрола, информираат од ЦУК.
Состојбата и понатаму се следи внимателно, а екипите остануваат на терен сè додека не се елиминира целосно ризикот од повторно активирање.