Пожарите се регистрирани во Општина Прилеп – село Бешиште каде има пожар во приземна квалитетна мешана шума.
Општина Македонски Брод – село Црешнево, месност Церо Поле каде што гори деградирана дабова шума и грмушки.
Во Општина Чашка – под Солунска Глава, пак, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – шумски пожар, моментално нема активен пламен, присутен е само чад во карпест предел.