На ден 08.09.2025 година, до 18:00 часот, на територијата на Р.С.Македонија регистрирани се вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1, а изгаснати се 21 пожар.
Активни се пожарите кај Дрџински рид, м.в. Стојково, с. Русиново во Општина Берово, каде гори дабова, букова шума и папрат, близу с. Никуштак, Липковско е зафатена нискостеблеста деградирана шума и дабова шума, кај селата Варвара и Драчевица, во Општина Студеничани опожарена е мешана шума и ниска вегетација. Во Општина Струмица помеѓу селата Муртино и Банско пожарот зафатил ниска вегетација, стрништа горат во село Фалише во Општина Тетово и ниска вегетација во Општина Долнени во село Секирци.